Клубот Феникс санс би можел да биде продаден по највисока цена во историјата на НБА-лигата. Според инсајдерот Марк Стајн, вредноста на Санс би можела да достигне четири милијарди долари.
Актуелниот рекорд беше поставен со купувањето на Бруклин од Џозеф Цаи за 3,5 милијарди долари.
Се очекува акции во Феникс да купат, поранешниот извршен директор на Дизни, Боб Ајгер, основачот и поранешен извршен директор на Амазон, Џеф Безос, ко-основачот на Оракл, Лери Елисон, и ко-сопственикот на Визардс, Лорен Пауел Џобс (вдовица на ко-основачот на Ејпл и поранешен извршен директор Стив Џобс).
Во октомври 2021 година, Форбс процени дека Феникс санс вредат 1,8 милијарди долари, рангирајќи се на 18-то место од 30 клубови во НБА.
Сопственикот на Феникс, Роберт Сарвер одлучи да ги продаде своите акции во Санс и Меркјури (женски клуб), откако истрагата на лигата потврди недолично однесување на работното место, расистички изјави и сексистичко однесување кон вработените жени во неговите клубови.
OhridNews