Фени Индустри го совлада Мзт Скопје со 84-65 и ја намали разликата во финалната серија на 2-1.

Kaj бранителот на трофејот, напјпрецизен беше Дарко Соколов со 23
поени, Кирил Николовски постигна 13 поени, Кнежевиќ уфрли 12 .

Кај МЗТ централна
фигура беше кавадарчанецот Тодор Гечевски, кој мечот го заврши со 24 поени и 10 скока.

Темна дамка на вториот натпревар од финалната серија во кошаркарското првенство остави прекинот на стартот на мечот откако публиката во Кавадарци со предмет го погоди тренерот на
МЗТ Скопје, Тодоров. Натпреварот беше во застој цели 50 минути, по што продолжи онаму каде застана.

Следниот меч од финалната плејоф-серија ќе се игра в недела во скопската сала „Јане Саднански“ со почеток од 18.30 часот.

Мх.П.