“Портокаловите“ во мајсторката за шампионската титула, го совладаа актуелниот шампион Струмица на гости со 100-92. Регуларниот дел од натпреварот заврши 80:80.
До првата титула во клубската историја тимот го предводеше Доналд Кол со постигнати 37 поени. Со триумфот во првенството кавадарчани ја заокружија за нив незаборавната сезона во која стигнаа до двојната круна.
Фени Индустри стана четвриот тим победник во националниот шампионат.