Освојувачот на купот на Македонија Фени Индустри во 1/2 финалето од плеј оф го совлада Торус со 82-74 (23-9, 18-27, 28-28, 13-10). Портокаловите со овој триумф стигнаа до третата победа која води во финалето од македонската кошаркаска супер лига.
Фени Индустри предводени од Михајловски кој постигна 18 поени додаде и 7 скокови, Богоев уфрли 14 поени, 5 асистенции и 5 скокови. Поразот на Торус не го спречи ни дабл дабл учинокот на Тадич, кој постигна 29 поени и освои 11 скокови.
Во финалето Фени Индустри ќе се сретне со Вардар Осигурање.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com