Актуелниот кошаркарски шампион Фени Индустри се доближи на чекор до одбрана на титулата, откако во Кавадарци го совлада Работнички, дури по продолжението од пет минути.


Фени Индустри поведе со 3:1 во финалната серија од кошаркарскиот плеј-оф и до одбрана на титулата го дели само уште една победа.

Натпреварот заврши со резултат 84:78 по продолжението, откако регуларниот дел заврши со резултат 71:71.

Центарот на Работнички  Тони Симиќ пропушти на својот тим да му донесе победа и да ја изедначи серијата на 2:2. Симиќ имаше шут во последниот напад  при резултат  71 – 70 за Фени, по што доби две слободни фрлања, но реализираше само едно фрлање.

Следниот натпревар се игра во сабота во Скопје во салата во Градскиот парк.

“Извор Макфакс
Ohridnews