Кошаркарите на АМАК СП го претрпеа третиот пораз во подготвителниот период. Во натпревар кој на моменти беше мошне нервозен актуелниот лидер во шампионатот Фени Инд. го совлада АМАК СП убедливо со 85-65.

Вообичаено најдобар во тимот на Гацов, беше Џарид Фрај постигнувајќи 17 поени.

“Охриѓани “ се наоѓаат на подготовки во спортскиот центар Истатов каде ке останат до 25 Јануари.
 
Последната тест средба на подготовките сино-белите ќе ја имаат денес против шампионот Струмица.