Во дербито од машката супер лига, МЗТ Скопје го совлада Торус со 70-65 и го задржа првото место на табелата. Актуелниот првак Фени Индустри со убедливи 87-70 го “демолираше“ Работнички додека Лирија беше подобра од Куманово со 98-92.

Работнички секогаш е тежок противник, ние влеговме максимално во натпреварот што резултираше со убедлива победа. После триумфот мислам дека работите ќе се движат во насоката која сите посакуваме откако во минатиот месец имавме криза во нашите редови – истакна тренерот на Фени Инудстри, Емил Рајковиќ.
Во наредната трета рунда од разигрувањето Фени Индустри го пречекува Торус, МЗТ Скопје гостува во Куманово, а Работнички ќе се сретне со Лирија.

Табела : МЗТ Скопје 33 бодови, Фени Индустри 33, Торус 30, Куманово 26, Работнички 25. .

Мх.П.