Охридските ракометари со 30-21 (14-10) го совладаа штипски Текстилец во петтата рунда од Супер лигата и запишаа нови три бодови на табелата.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски со убедлива игра во двете полувремиња ја осигураа првата победа на гостински терен.
Во досегашниот дел од сезоната „гладијаторите“ забележаа три победи, едно реми и еден пораз и со десет бодови котираат високо на табелата.
Веќе в среда ракометарите на Охрид ги очекува дерби средба со Тинекс Пролет, кој е директен конкурент за висок пласман.
Мх.П.