Американецот Мајкл Фелпс успеа да ја освои осмата медалја во Пекинг вкупно 14-та  на Олимписките Игри.

Откако стигна до бројот седум во антологиската битка со Милорад Човиќ , за Фелпс и неговата екипа остана уште златото на штафетната трка 4 пати по 100 метри мешано.


Фелпс пливаше во третата замена во делфин стилот, додека склично како и втората така и осмата му ја донесе Лизак.

Американската штафета во состав Пирсон, Хансен, Лизак поставија нов светскит рекорд  3:29,34. кој е 22. светски рекорд соборен во Пекинг.

Фелпс го симна од подиумот легендарниот Мрак Шпиц кој на ОИ во Минхен стигна до седум златни медалји.

ohridnews