Играчот на Јувентус Фелипе Мело доби најголем број гласови од фановите и така стана сопственик на “Златната корпа” за оваа сезона. Мело не успеа да ги оправда вложените 25 милони фунти за неговиот трансфер, кој минатото лето Јувентус и ги плати на Фиорентина.


26-годишниот бразилец во трка за наградата го победи Рикардо Кварезма кој  минатата година ја освои “корпата“. Соиграчот на Мело,  португалецот Тиаго се најде на третата позиција.

ohridnews