Популарната интернет мрежа “Фејсбук”  која има повеќе од 120 милиони членови смета дека фотографиите на кои се прикажани мајки кои ги дојат своите деца  ги кршат нивните услови.Оттаму предупредуваат дека корисниците кои ќе објават слични фотографии ќе го изгубат пристапот кон мрежата.

Гласноговорникот на Фејсбук вели дека нема да се преземат никакви мерки против поголемиот дел фотографии со мајки кои дојат зашто  тие се во склад со упатствата на Фејсбук, но останатите се отстранети за да се обезбеди сигурноста на сите корисници, вклучувајќи ги и децата.

” Фотографиите прикажуваат цели гради и како такви ги нарушуваат условите  во кои забрануваме непристојни, порнографски ии сексуално експицитни материјали”, вели Barry Schnitt.

” Сметам дека е навредливо што с еотстрануваат фотографиите со голи дојки, а се оставаат оние на кои се насликани задници со танга”, смета една од корисничките на “Фејсбук”.