Повеќе странски медиуми пренесуваат вест која е одлична за огласувачите, но не така добра за обичните корисници. Станува збор за новоста од компанијата Фејсбук односно воведување на видео реклами на нивната социјална мрежа.
Како што информираат изворите видео рекламите автоматски ќе се прикажуваат на корисничкиот “News Feed”, а оваа новост треба да биде воведена оваа есен.
Иако за цените сеуште се спекулира, тие најверојатно ќе се движат измеѓу 1 и 2,4 милиони долари во зависност од должината на рекламата и публиката која ќе ја види.