Со оглед на тоа што оваа пракса ја загрозува приватноста на корисниците, кои скоро и да немаат контрола над тоа, кој се може да стигне до нивните приватни работи, Европската комисија следната година планира директива со која што би требало да забрани искористување на приватните податоци за насочено рекламирање-освен ако корисниците се согласат на тоа.
Ваквата одлука особено би можела да влијае на најголемата социјална мрежа на светот, Фејсбук, која ако не ги почитува одлуките на Европската комисија, очекува тужба или големи парични казни.
Она што особено може да го загрижи основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг е тоа што оваа одлука ќе стапи на сила во година кога Фејсбук треба да излезе на берза и кога многумина очекуваат дека неговата вредност ќе биде проценета на дури 100 милијарди долари.
Сега се поставува прашањето, ако Фејсбук веќе не може да собира информации за своите корисници и да ги споделува со огласувачите кои благодарение на оваа мрежа своите реклами може да ги пласираат на точно одредена група на корисници, колку тоа ќе влијае на неговата вредност и идната заработка. Би можело, многу потенцијални инвеститори во оваа компанија да се премислат и да вложат многу помалку пари отколку што планирале првично.
извор:„Макфакс“