Загриженоста околу почитувањето на приватноста на податоците на корисниците на Фејсбук станува се поголема и предизвика широка расправа откако нејзиниот основач Марк Закерберг изјави дека социјалната мрежа ги следи и оние кои не се нејзини корисници, јавуваат светските агенции.
Ова предизвика интерес и во американскиот Конгрес кој јавно побара од Фејсбук да го среди проблемот, на што Закерберг одговори дека компанијата ги почитува позитивните законски прописи.
Фејсбук минатиот месец јавно призна дека десетици милиони профили завршиле во рацете на консултантската куќа „Кембриџ аналитика“ која работи на политички кампањи, меѓу кои и на таа на Доналд Трамп во 2016 година.
OhridNews