Во текот наредната недела социјалната мрежа Фејсбук ќе пушти во употреба апликација во која корисниците за прв пат ќе играат за вистински, а не виртуелни пари.
Започнувајќи од Вторник, Фејсбук на своите полнолетни корисници во Велика Британија ќе им овозможи да играат “Бинго” на нивната нова апликација во која ќе се користат вистински пари, а до крајот на месецов ова онлајн казино ќе опфати и други популарни игри.
“Коцкањето е многу популарно и добро регулирано во Велика Британија, а за многу жители играњето “Бинго” претставува секојдневие. Со овој чекор сакаме да го збогатиме социјалниот аспект на играта.” изјавија претставници на Фејсбук.
Иако овој потег е логичен за Британија во останатиот дел од светот претставува сериозен правен предизвик па останува да видиме што е следниот чекор на компанијата.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com