Комуницирањето со други луѓе преку интернет-мрежите како што се Фејсбук и Мај-Спејс го зголемува ризикот од рак, срцеви заболувања, мозочен удар и други болести, изјавил доктор Арик Сигман во новиот број на списанието што го издава Британскиот институт за биологија.


Испраќањето на e-mail пораки наместо комуникација „очи во очи“ може да ги поттикне гените да го променат однесувањето и да го ослабат имунолошкиот систем, да го нарушат соодносот на хормоните и функционирањето на артериите, и  на тој начин да му се нанесе штета на психичкото здравје. Една од причините за лошото влијание на Фејсбук и Мај-Спејс врз здравјето на луѓето е и тоа што некои добротворни хормони, како окситоцинот, се излачуваат само кога луѓето се во близок физички контакт.

Некои гени одговорни за имунолошкиот систем и санирањето на стресот различно реагираат кога се работи за виртуелен или физички контакт, заклучил доктор Сигман.