Фејсбук е под полициска истрага поради смртта на 14-годишна девојка од Италија, која се самоуби поради навредливите постови на Фејсбук и поставеното видео, пренесува „Макфакс“.


Каролина Пикио од Новаре во северна Италија, скокнала од прозорецот на својата спална соба. Полицијата за овој случај испита осуммина тинејџери, на возраст од 15 до 17 години кои објавиле снимка од една журка, на која Каролина пијана лежи на подот од бањата. Снимката стоела на Фејсбук неколку дена.

Италијанскиот сојуз на родители поднесе кривична пријава против Фејсбук поради улогата на социјалната мрежа во смртта на девојката.

„Ова е прв пат здружението на родители да поднесе жалба против Фејсбук во Европа“ рече директорот на оваа асоцијација Антонио Афинита.

Според него, италијанските закони им забрануваат на потпишуваат договори, но Фејсбук влегол во договорен однос со малолетните лица во врска со нивната приватност и тоа без знаење на нивните родители.

Видеото се појавило непосредно откако Каролина Пикио ја оставило момчето, а тој  неколку дена покасно го искористил Фејсбук за да ја навредува.

Во спалната соба на трагично загинатата девојка пронајдена е порака наменета за ова момче, на која пишувало „Зар не е доволно се што ми направи? Поради тебе платив веќе премногу“.

Непосредно пред самоубиството Каролина Пикио оставила порака на Фејсбук „Простете ако не сум силна. Не можам веќе“.

Одредени лица наводно продолжиле да оставаат навредливи постови за Каролина Пикио и по нејзината смрт.

OhridNews
извор:„Макфакс“