Социјалните мрежи може да бидат корисни, верувале или не, бидејќи ново истражување спроведено на Универзитетот Руџерс дало резултати кои се всушност спротивни од повеќето резултати на слични истражувања.

Имено, со тестирањето врз жените се покажало дека оние кои повеќе користат социјални мрежи имале 21% понизок резултат на тестовите кои го мерат нивото на стрес.

 

Досега социјалните мрежи се поврзувале со зголемено ниво на стрес, деструктивно  однесување, депресија и нарцисоидност, но сега над сето тоа лебди голем прашалник.

Интересно е дека ваквите резултати се карактеристични единствено за жените, додека мажите неможат своето ниво на стрес да го намалат со користење на социјалните мрежи.

 

извор:metro-portal.hr