Евроpпската унија му даде рок од две недели на Фејсбук на писмото писмото во кое се бара одговор дали личните податоци на граѓаните на ЕУ се загрозени од скандалот со „Кембриџ Аналитика“ и доколку е така, дали компанијата планира да ги извести корисниците за тоа?
Скандалот со „Кембриџ Аналитика“ во претседателските избори во САД опфаќа околу 50 милиони граѓани чии профили биле злоупотрребени во изборни цели. Во знак на револт, голем број моќни компании во светот и медиумски куќи целосно ги затворија своите профили на социјалната мрежа Фејсбук, чии акции на берзата по скандалот стрмоглаво паѓаат.
OhridNews