На Фејсбук секој ден се логираат 522 милиони корисници според истражувањето спроведено од Ниелсен.
Корисниците стануваат се по мобилни, односно 543 милиони корисници месечно се логираат од мобилен телефон што е покачување за 67 проценти во споредба со минатата година.
Последните податоци на компанијата Ниелсен покажуваат дека користењето на Фејсбук е во пораст, па така корисниците во САД поминуваат на Фејсбук во просек по седум часа месечно, додека во Франција бројката е нешто памала, односно 5 часа месечно.
Исто така зголемен е и бројот на луѓе кои друштвената мрежа ја користат за играње, па така од 205 милиони корисници на игрите на Фејсбук во 2011 сега истите апликации ги користат дури 235 милиони корисници.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com