Facebook го претстави своето ново дополнување на својата социјална мрежа, паметниот пребарувач наречен Graph Search, пренесува BBC, пишува „Макфакс“.
Оваа нова услуга им овозможува на корисниците „природно“ пребарување на содржините коишто на мрежата ги објавуваат нивните „пријатели“.
Основачот и извршниот директор на компанијата, Мајк Цукенберг е истраен во тоа дека не станува збор за нов интернет пребарувач, па оттаму не претставува ниту конкуренција за Google.
Цукемберг рече дека „не очекувал“ луѓето да почнат да го користат Facebook за да пребаруваат на интернет. „Тоа не ни е намерата. Но, доколку не можете да го пронајдете она што го барате, добро е да се има ова“, додаде Цукенберг.
Претходно се нагаѓаше дека најбројната социјална мрежа во глобални рамки ќе навлезе во просторот на пребарување на светската мрежа на гигантот Google.
Новата компонента Graph Search на сите корисници на Facebook треба да им овозможи подетално пребарување на содржините според различни и многу детални параметри. Тоа се однесува на целата содржина којашто корисниците меѓусебно ја споделуваат, а вклучува фотографии, статуси, податоци за локации како и за „лајкови“.
Во обработката на податоците се користи „природен јазик“, што значи дека во пребарувачот едноставно ќе се напише што ве интересира користејќи го обичниот англиски јазик.
Стариот пребарувач на Facebook досега беше критикувана како ограничена и неефикасна.
извор:„Макфакс“