Американските научници тврдат дека фејсбук профилите на студентите би можеле да укажат на потенцијалните алкохоличари. Истражувачкиот тим кој го предводела Меган Морено од универзитетот Висконсин-Медисон востановил дека студентите кои на Фејсбук често пишуваат за опивање или поставуваат фотографии на кои се пијани имаат поголеми изгледи да станат зависници од алкохол.


Истражувачите сметаат дека профилите на Фејсбук би можеле да им помогнат на училиштата да откријат кои ученици имаат проблем со алкохолот, а со самото тоа и да им помогнат. Единствениот проблем, според нив, е тоа што со тоа би ја нарушувале приватноста на студентите.