Компанијата Фејсбук ангажирала една од најдобрите светски компании за односи со јавноста за да шири дезинформации за интернет гигантот Гугл и во јавноста да пласира информации дека Гугл ја нарушува приватноста на своите корисници.   пишуваат  американските медиуми. Според нив Фејсбук признал дека ја најмиле ПР агенцијата Бурсон-Марстелер да пласира лаги за Гугл.
 
Првите луѓе на ПР компанијата му понудиле на блогерот Кристофер Согхоиан, кој пишува блогови за безбедноста на интернет, добро да ги проучи правилата за безбедност на Гугл, а за возврат му ветиле објавување на неговите текстови на највлијателните веб страници како што се Хафингтон пост и Вашингтон пост.
 
На блогерот му е понудена помош и при пишувањето на текстовите, па во еден имејл било напишано дека „американскиот народ мора да биде свесен дека Гугл продира длабоко во нивната приватност и тоа без никаква дозвола“.
 
Но, мрежата паднала кога Согхоиан ја одбил понудата и целата преписка јавно ја објавил.
 
Одговорните од компанијата Фејсбук признале дека ангажирале ПР агенција, но дека за тоа имале две големи причини:прво, поради тоа што веруваат дека Гугл прави некои работи внатре во социјалните мрежи и со тоа ја нарушува приватноста на корисниците и второ, што Фејсбук упорно се обидува да го спречи Гугл да ги користи податоците на корисниците на Фејсбук.

OhridNews
извор: „Макфакас“