Легендарниот руски борец, Федор Емилианенко го нокаутираше Саитама Квинтон уште во првата рунда и објави дека ова е последна борба за него.

Федор им кажа збогум на ММА борбите по фантастичниот нокаут со еден силен директ кој му го зададе на Кинтон уште во првата рунда на настан во Јапонија.

Со ова ја завршувам кариерата, ова е крајот на патот. – изјави Федор.

Рускиот борец во својата кариера имаше 45 професионални борби од кои 39 победи и шест порази.

OhridNews