Тенискиот ас Роџер Федерер наскоро со своето семејство ќе се всеи во вила на брегот на Циришкото езеро чија изградба чини повеќе од осум милиони евра. Луксузната градба е ремек дело на архитектурата, а карактеристика на вилата се огромните прозорци и големите балкони со поглед на околината на Циришкото езеро. Во вилата ќе живеат Федерер и неговото семејство, како и неговите родители Роберт и Линете за кои посебно се изградени два луксузни апартмани покрај главната резиденција.
Федерер во регионото Волеро се преселил во 2008 година пред да се венча со сопругата Мирка. Волеро е оддалечен само 20 минути од Цирих, а важи за даночен рај кој привлекол бројни богати лица од Европа. Роџер и Мирка се родители на два пара близнаци. Девојчињата Мајло и Шарлин се стари пет години, а момчињата Лео и Џени девет месеци.