Еден ден после освојувањето на титулата на АТП турнирот во Базел, Рожер Федерер донел одлука да го прескокни турнирот во Париз. Федерер на последниот мастерс турнир нема да учествува поради замор и собирање на сили за завршниот турнир во Лондон.
- Жал ми е што морам да се повлечам од Мастерсот во Париз. Морав да одлучам вака бидејќи сакам да играм што е можно повеќе а за тоа ми треба повеќе одмор. Им се извинувам на француските симпатизери и ветувам дека ќе се видиме следната година на Ролан Гарос. – изјавил Федерер.
Федерер со 103 титули е најтрофејниот тенисер во „белиот спорт“. Швајцарецот ќе имаше поволна ждрепка до 1/2 финалето во Париз, но се откажа од горенаведените причини.
Завршниот турнир во Лондон почнува на 10 ноември.
OhridNews