Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, нема да учествува на Олимписките игри во Токио.

За жал го повредив коленото, морам да се повлечам од ОИ. Разочаран сум бидејќи за мене е голема чест е да ја претставувам својата земја. На комплетниот тим на Швајцарија му посакувам среќа во Токио, – напишал Федерер.

Легендарниот тенисер четири пати учествувал на Олимписките игри. Златен медал освои во 2008 година, во двојки заедно со Стен Вавринка, додека во сингл има сребро освоено 2012 година.

Претходно од Токио се повлече Рафаел Надал, додека Новак Ѓоковиќ деновиве ќе ја донесе конечната одлука дали ќе настапи на Олимписките игри. Во Токио нема да играат Доминик Тим, Денис Шаповалов, Давид Гофан…

Олимпискиот турни ќе се игра од 24.јули до 1.август.

OhridNews