Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер и неговата сопруга Мирка синоќа објавиле дека станаа родители на уште еден пар близнаци, момчиња кои добиле имиња Лео и Лени. Најтрофејниот тенисер на светот таа среќна вест ја објавил на својот Твитер налог, само неколку часа откако најавил дека се повлекува од турнирот во Мадрид, како би минал повеќе време со семејството пред породувањето.
Федерер на Твиетр напишал:„Мирка и јас сме пресреќни што можеме да ја поделиме веста дека вечерва се родени Лео и Лени. Момчињата се родени речиси пет години после раѓањето на своите постари сестри, исто така близначки, Мајли Роуз и Шарлин Рива. Агентот на Федерер Тони Годсик за агенциите потврил дека момчињата се родени синоќа во Цирих.