Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е првиот протагонист во финалето на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос. Шпанецот во полуфиналето го совлада Рожер Федерер со 3-0 (6-3, 6-4, 6-2) во сетови и обезбеди меч за нов трофеј во својата кариера.
Надал фаворитската улога пред натпреварот ја потврди на теренот против Федерер, кој немаше одговор за разиграниот противник. Шпанскиот тенисер во првиот сет освои два гема на противнички сервис за водство 1-0. Во вториот сет, Федер пружи поголем отпор, но Надал одново со два брејка стекна предност која ја капитализираше за 2-0 во сетови. Шпанецот во третиот сет апсолутно доминираше и на Федерер му дозволи само два гемови.
Предизвикувач на Надал во финалето ќе биде подобриот од вториот полуфинален двобој помеѓу Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим. Надал со 11-ет освоени титули е неприкосновен лидер на вечната листа на Ролан Гарос и во догледно време никој не ќе може да го достигне.
OhridNews