Роџер Федерер ќе ја претставува Швајцарија на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Швајцарскиот олимписки одбор.
Освојувачот на 20 грен-слем турнири денеска во осминафиналето на турнирот во Вимблдон за противник го има Италијанецот Лоренцо Сонего, кој исто така, ќе настапи на летната Олимпијада во јапонската престолнина.
Федерер е единствениот машки член на швајцарската тениска репрезентација. Од тенисерките, Швајцарија во Токио ќе ја претставуваат Белинда Бенчиќ и Викторија Голубовиќ, кои ќе настапат во поединечна конкуренција и во двојки.
Олимпискиот тенисот турнир во Токио ќе се одржи од 24 јули до 1 август.
OhridNews