Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер ќе го прескокне вториот грен слем турнир од новата сезона, Ролан Гарос поради операција на коленото од десната нога. Федерер исто така ќе ги пропушти турнирите од Мастер серијата (Дубаи, Индијан Велс, Богота и Мајами), кои, се еден вид најава на францускиот грен слем турнир.
Болките во десното колено беа почести и ми пречеа. Се надевав дека со тек време ќе поминат, но не беше така. После дискусијата со мојот и лекарскиот тим одлучивме да направам операција на коленото во Швајцарација. Процесот на рехабилитација е долг и затоа сакам да ги информирам моите фанови дека ќе го пропуштам Ролан Гарос и турнирите во тој период. – стои во објавата на Федерер на социјалните мрежи.
Федерер во својата богата кариера само еднаш во 2009 успеал да го освои трофејот на Ролан Гарос. Во финалето пред 11 години, Федерер го совладал Швеѓанецот Роберт Содерлинг во три сетови.
Францускиот грен слем турнир Ролан Гарос оваа година ќе се одржи од 18 мај до 7 јуни. Титулата ја брани Шпанецот Рафаел Надал.
OhridNews