Познатиот магазин “Forbes” пред почетокот на “US Open” ја објави листата на најплатените светски тенисери, на која убедливо води швајцарецот Роџер Федерер кој заработил $55 милиони долари.


Од неговата вкупна заработка само 20 проценти се пари заработени од турнири, додека неверојатни $45 милиони долари се добиени од спонзорски договори со големите светски компании.
На оваа листа второто место му припадна на Надал со $32 милиони, третото на Марија Шарапова со $27 милиони , а четвртото место го завзеде Новак Ѓоковиќ со заработка од $20 милиони.
Интересен факт е што Новак Ѓоковиќ е единствениот тенисер во првите 10 најплатени, кој повеќе пари заработува од пласмани на турнири отколку од спонзорски договори. Тој заработил $10,3 милиони од турнири, а $9,5 милиони од спонзори.