Американското Федерално истражно биро, ФБИ пронашло дека два онлајн гласачки система биле хакирани и побарало од државните органи да ја зголемат безбедноста на компјутерите пред претседателските избори во ноември годинава, јавуваат американските медиуми. Хакирани биле системите во Илионис и Аризона.
До предупредувањето дојде во време на зголемена загриженост дека хакери спонзорирани од Русија или други земји би можело да се обидат да ги нарушат претседателските избори. Претходно имаше случај со хакирање на Демократскиот национален комитет за што беа посочени луѓе во руската влада.
Кремљ ги отфрли ваквите наводи.
OhridNews
извор РСЕ