Ракометарите на Охрид во четвртата рунда од Супер лигата на домашен терен ќе го пречекаат составот на Вардар Јуниор. Иако двете екипи имаа ист скор на бодови, охриѓани се изразити фаворити во дуелот кој ќе се одигра утре (сабота) со почеток во 19 часот и 30 минути.

  • На секој натпревар кој ќе го играме на домашен терен ќе бидеме фаворити. Вардар Јуниор не е екипа за потценување, но сепак квалитетот е наша страна и тоа ќе треба да го демонстираме на теренот. Сезонава добро ја отворивме и покрај поразот во првата рунда од Пролет, полека го сложуваме коцките и мислам дека најдоброто од нас допрва доаѓа. – изјави Борче Соколов.

Натпреварот со младите „вардарци“ ќе биде шанса за надежите на РК Охрид кои сигурно ќе добијат поголема минутажа. – Секоја секунда на теренот ќе треба добро и мудро да ја користиме. Ќе дојде денот кога од нас ќе се чека потег и затоа сега мора да го користиме секој момент за црпење на искуство. – рече Наум Костов.

„Гладијаторите“ на средбата со „црвено црните“ ќе ја бркаат втората победа на домашен терен, трета во серија во мечевите од Супер лигата.

  • Охрид плови во мирни води, консолидацијата на клубот е во тек. Имаме одлична поддршка од граѓаните која многу ни значи. Посетеноста на првиот меч беше добра, но сметам дека охриѓани можат да дојдат и во поголем број. – истакна спортскиот директор Горан Недески.

Охридскиот ракометен клуб сезонава атакува на ТОП 4 местата на табелата кои носат во плејофот и нови возбудувања со најдобрите екипи во Македонија.

Мх.П.