Лондонските „сини“ се искачија на тронот во Лигата на Шампиони, победувајќи го Манчестер Сити со 1-0 (1-0), во англиското финале кое се одигра во „Драгао“ стадионот во Порто.
Челси до втората титула во клупската историја стигна во третото учество во финалните натпревари, додека дебитанскиот настап за „граѓаните“ не се покажа среќно. Челси прв пат триумфираше во 2012 година победувајќи го Баерн Минхен, а изгуби во 2008 година од Манчестер Јунајтед.
Двете екипи одиграа феноменален натпревар и финале какво ретко се гледа последниве години. Томас Тухел на едната и Пеп Гвардиола на другата страна не се откажаа од стилот на игра и покрај големото значење и влогот во натпреварот.
Стрпливата игра на Челси се исплатеше пред крајот на првиот дел кога еден контра напад Каи Хаверц го круниса со погодок. Во 42-та минута Челси поведе со 1-0. Манчестер Сити проба со сите расположливи средства да погоди и да се врати во игра, но не успеа и Челси по втор пат со златни букви се испиша во фудбалска Европа.
Финалето во ЛШ ја спушти завесата во клупскиот фудбал. Од утре сите можат комплетно да се насочат кон Европското првенство.
OhridNews