Осмата рунда во Супер лигата не донесе никакви промени на врвот на табелата, откако фаворитите ја оправдаа улогата на терените ширум Македонија.
Охридските ракометари го освоија целиот плен во Велес победувајќи го Борец (26-20). Гостинска победа забележа и Еурофарм Работник кој славеше во Прилеп против истоимената екипа (19-14).
Бодови на домашен терен прокнижија Пелистер и Пролет кои победија против Вардар Јуниор (34-23) односно Радовиш (23-17).
Резултати: Пролет – Радовиш 23-17, Борец – Охрид 20-26, Пелистер – Вардар Јуниор 34-23, Прилеп – Еурофам Работник 14-19.
Табела: Пелистер 15, Е. Работник 13, Охрид 13, Пролет 13, Борец 7, Радовиш 7, Прилеп 6, Металург 4, Вардар Јуниор 3.
OhridNews