Со голот на Вејн Руни Јунјатед ја совлада Рома на Олд Трафорд минимално 1-0.Победи остварија и Интер, Барселона , Арсенал и Севиља , а најголемото изненадување го приредија Ренџерси совладувајки го Лион .

Група Е:
Манчестер Ј – Рома 1-0
Ни од далеку наптреварот не наликуваше на онај од пред шест месеци,со единствена разлика што манчестер е повторно победник. Шанса да ја расипат забават римајаните имаа преку Еспозито кој во финишот не реализираше зицер.

Динамо – Спортинг 1-2
Голем чекор кон освојување на едно од местата кои водат во понатамошната фаза направија Португалците кои со головите на Тонел и Полга стигна до вредна победа на гостувањето во Киев .Почесниот гол за домашните го постигна Васчук
 
Табела  : Манчестер 6 ,Рома 3 , Спортинг 3,Динамо 0

Група Ф:
Штудгарт – Барселона 0-2
Одлична форма во кој а се наоѓа каталонците ја потврдија и на Готлиб Дајмлер.Мрежите мируваа по првите 45 минути а преку капитенот Пујол Барса дојде до водство .За 0-2 се погрижи двоецот Анри – Меси

Лион – Ренџерс 0-3
Шкотските протестанти го приредија најголемото изненадување во досегашниот дел од ЛШ.И покрај доминацијата на теренот французите играа но шкотите беа тие кои постигнуваа голови.Мек Калох,Кусин и Бизли беа стрелци на головите

Табела  : Баерселона 6 , Ренџерс 6 ,Штудгарт 0 Лион  0

Група Г :
ЦСКА Москва – Фенербахче 2-2
Многу блиску до победа во вториот натпревар беше рускиот шампион кој на пет минути пред крајоот имаше предност . Со вториот гол во исто толку натпревари Дејвид донесе бод за фенербахче.

Интер – Псв 2-0
Носени на крилата на Златан Ибрахимович нероазурите сите дилеми околку победникот ги решија во првите 45 мин .еднаш од пенал и една магија на “ИБРАКАДАБРА “ за први бодови на Интер во групата

Табела  : Фенербахче  4 ,Интер 3 , ПСВ Ајндховен 3,ЦСКА Москва 1

Група Х
Севиља  – Славија 4-2
Актуелниот победник на Уефа купот Шпанската Севиљља без проблеми ја совлада чешката Славија.Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелаци за домакините.Кануте ,Луси фабионо ,Ескуде и Коне се запишаа во листата на стрелци, додека головите за чесите ги постигнаа Пудил и Каливода

Стеуа – Арсенал 0-1
Роамнците го имаа поседот на топката околу 67 % ,ја контролираа играта но топџиите се тие кои се враќаат во Англија со нови три бода. Голот доволен за три бода го постигна Робин Ван Перси .

Табела  : Арсенал 6 ,Севиља 3, Славија 3, Стеауа 0


Македонскиот репрезентативец Горан Пандев и неговиот Лацио вечерва на „Олимпико“ во Рим го пречекуваат деветкратниот европски првак Реал, во 2. коло од ЛШ. За Пандев ова ќе биде втор меч во елитното натпреварување, а напаѓачот го очекува првиот гол.
НА подготовките на македонската ререзентација , Пандев за ohridnews рече
    – Секој играч сонува да игра во ЛШ, мене тој сон ми се оствари. Се најдовме во тешка група со Реал , Вердер и Олимпијакос, имаме свои адути и мислам дека може да изненадиме .

Во првото коло од ЛШ, Пандев на гостувањето во Пиреја против Олимпијакос асистираше за израмнувачкиот гол на римјаните , од Реал знаат дека Пандев и Роки се најголемата опасност за голот на Икер Касилјас, бидејќи овие двајца напаѓачи лани заедно дадоа 27 погодоци. Лацио игра слабо во домашното првенство и има само една победа во шест меча, а Реал во исто толку мечеви во Примера забележа пет победи и едно реми.  На останатиот натпревар во оваа група уште играат Вердер – Олипијакос

Валенсија на „Месталја“ го пречекува грогираниот Челси. Домаќинот игра одлично и има серија од 6 победи по ред, а Челси е очаен и нема дадено ниту еден гол на последните 4 дуели во Премиерлигата. Премиерлигашот киксира и на стартот во ЛШ, играше 1-1 против Розенборг. што значеше и крај за харизматичниот Жосе Мурињу, за Аврам Грант  ова ќе биде деби во ЛШ,
Потврда за освоениот бод против Челси Розенброг ке брка против Шалке

Селтик се надева на одмазда против Милан за ланската елиминација. Овие два тима досега играа шест пати, а Селтик нема победа, туку само три реми. За „росонерите“ ова ќе биде 200. меч во елитното натпреварување. По серијата без победа во Серија А потпреседателот на Милан Адријано Галијани истакна дека оваа година приоритетно за Милан ке биде одбраната на трофејот во ЛШ.
Во португалија Бенфика ке игра против Шахтјор .

Деби на клупата на Олимпик Марсеј ке има Ерик Герец кој ке ма жежок пречек на Енфилд роуд каде црвените ке се обидат да стигнат до првата победа во ЛШ.Бешикташ ке игра против Порто.