Јован Николоски, Петар Бојовски, Јовица Бицевски и Дејан Велјаноски ја сочинуваат екипата „Фаворити“ која обезбеди пласман во завршницата во стритбол баскет турнирот во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.

Стритбол турнирот се игра „три на три“, а охриѓаните иако претрпеа пораз во финалето од битолската екипа „Расчекор“ сепак заедно патуваат на завршницата во Скопје на 26-27 април.

Претходно „фаворитите“ во полуфиналето ја совладаа екипата на „Марфи Спорт“ од Прилеп 15-9, а во финалето изгубија на разлика 13-11 од битолските кошаркари.

Мх.П.