Екипата на Фаворити составена од Петар и Васко Бојоски, Јован Николоски и Марјан Бошалески триумфираше на баскет турнир 3х3 кој се одржа во организација на ЈП Билјанини Извори по повод празникот 7 ноември.

Во финалето „фаворитите“ со 15-6 ја совладаа екипата на Ноа. Во полуфиналните пресметки Фаворити подобри беа од Ликвид (15-10), додека тимот на Ноа поуспешен беше од Дента Медика (9-6). Во битката за трето место славеше Ликвид кој со 14-8 победи против Дента Медика.

Во шутирањето на тројки најдобар беше Марјан Бошалески (Фаворити) кој прецизно уфрли десет тројки. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 22 000 денари, а имаше и медали за најдобрите.

Мх.П.