Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид (ОФС) и судиската организација добија нов претставник во судиската елита, откако Фатмир Бафто успешно ги помина потребните тестови на дводневниот собир кој судиите го имаа во Охрид

Бафто и останатите судии од главната листа сабајлево успешно ги поминаа фитнес проверките, а вчера во Хотелот Инекс во присуство на преставникот од УЕФА, Алан Снуди без грешка ги завршија теоретските тестови.

27-годишниот арбитар во елитата ќе им се придружи на Марјан Маркоски, Марјан Ецкоски и Жарко Тодоровски, кои, долги години се репрезенти на Охрид и фудбалот во национални рамки.

Мх.П.