Полицијата во Боливија го уапсила осомничениот за убиство на темел на најлошиот фоторобот на светот. Човекот не бил именуван, но е осомничен дека со 11 убоди со нож го убил таксистот Рафаел Варгас, најверојатно поради вмешаност во трговија со дрога.
Една од сосетките на таксистот го нацртала убиецот, а фотороботот кој повеќе наликува на детски цртеж, бил емитуван на националната телевизија, исто како и апсењето, но лицето на осомничениот го покриле со цртежот бидејќи поради законот не смееле да го објават неговиот идентитет.