Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишен стружанец.

  • На 29.03.2020 година во 16.35 часот, за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус ЦОВИД-19, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој, на 28.03.2020 година, извршил тешка кражба во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, против правно одзел повеќе видиви на електрични машини и апарати.

OhridNews