Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 казнени дела „тешка кражба“ и „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Скопје.
- Пријавениот, заедно со уште две лица, во периодот јуни-октомври 2019 година, со намера да стекнат против правна имотна корист, на паркинг простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи, со подесен предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.000 денари.
OhridNews