СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанецот С.Н.(20) и А.И.(21), кој е без постојано место на живеење поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела ,,тешка кражба,,  на штета на неколку физички и правни лица во Охрид.



Според полицијата на 5-ти јуни 2010 година, околу 10 часот, пријавените, од подрумска просторија на булеварот Туристичка одзеле радијатори откако претходно со арматурни клешти го откорнале држачот на катинарот. Истиот ден, пријавените со употреба на истите клешти ја откорнале влезната врата од механичарската работилница на ЈП Охридски Комуналец и одзеле три акумулатори кои биле надвор од употреба. Во двете кражби пријавените направиле штета од 110.000 денари.

Во кривичната пријава на А.И., опфатени се уште две дела ,,тешка кражба,, што тој сам ги извршил. Имено во текот на месец март, А.И. извршил кражба во комплексот на ЈП „Биљанини извори„ од каде одзел дел од опремата, а од куќа во селото Климештани, одзел повеке бакарни предмети и 4о метри електричен продолжен кабел, при што направил штета од 12000 денари.. Од страна на Истражен Судија, на А.И. одредена му е мерка притвор во траење до 3о дена.

OhridNews
Извор: СВР-Охрид