Британецот Неил Мареј ја возел украдената Алфа Ромео откако неговата банда украла накит во вреднст од околу 50 илјади евра од една златара. Откако нападнале две продавници минувачите ги забележале и им ги запишале табличките од автомобилот. полицијата брзо ги забележалаи тргнала да ги улови.
Додека останатите од бандата панично се обидувале да побегнат, возачот од тотенхем внимавал на секое ограничување на брзината на патот. Само 30 минути подоцна бандата била зад решетки. Тие дибиле по пет години казна затвор. Адвокатот на возачот се обидувал да издејствува поблага казна поради почитување на сообраќајните правила, но безуспешно.