Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во атар на с.Болно на месноста викана Речиште ресенско, одзеле возило „застава“ без регистарски таблички, управувано од 34 годишно лице од Ресен, натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација и возило „шкода фелиција“ без регистерски таблички, управувано од 19 годишно лице од Ресен, исто така натоварено со огревни дабови дрва без жиг и документација, информираат од МВР.

Од страна на вработените од ЈП„Национални шуми“ е извршено мерење на дрвата, по што возилата со дрвата се одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.

OhridNews