Мирослав Матиќ (32) од местото Љубовија, го извршил двојното убиство што се случи на 12-ти март во околината на Белград, соопшти српската полиција.

Тој кобниот ден тргнал кај роднини со такси на компанијата „Пинк“, управувано од македонскиот државјанин Кире Тренески. Околу 18.30 тој му наредил на таксистот да запре покрај патот и го усмртил со пет истрели од огнено оружје. Додека се обидувал да го турне такси возилото покрај патот, наминал свештеникот Мирослав Чворовиќ, кој застанал да помогне не знаејќи што се случува. Набрзо и тој бил убиен, а убиецот со неговото возило „Југо 45“ избегал во непознат правец. Српската полиција го пронајде и приведе убиецот за помалку од 24 часа.

Српските медиуми јавуваат дека Матиќ бил зависник од дрога. Неодамна се вратил од Русија каде работел како физички работник. Имал долгови. Два дена пред убиството тој на својот Фејсбук профил побарал прошка од Бога за своите гревови и сила повеќе да не прави гревови.

OhridNews