Поради основано сомнение дека е сторител на 14 кривични дела „тешка кражба“ и 10 кривични дела „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето А.И. роден 1980 година  во Струга. Кривичната пријава се однесува и на лицето К.З. роден 1974 година во Струга, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „прикривање“.

Во периодот од јули до октомври оваа година лицето А.И. со употреба на физичка сила, алат и клучеви, искористувајќи згодна прилика влегувал во станови и куќи во Охрид, притоа одземајќи кредитни картички, златен накит, пари, техничка стока, најчесто лап-топ компјутери, видео камери, дигитални фото апарати, мобилни телефони, телевизори. Со тоа првопртијавениот А.И. се стекнал со против правна имотна корист од вкупно 2. 255.000,00 денари.

Второпријавеното лице К.З. украдените предмети ги купувал, ги примал во залог и ги прикривал иако знаел дека потекнуваат од кривични дела. Истиот потоа предметите ги продавал или ги заменувал за друга стока.

При преглед кај првопријавениот и при претрес на домот кај второпријавениот полициските службеници при СВР Охрид пронајдоа поголем дел од украдените предмети, поголема количина пари, четири различни клучеви и дел од останатиот алат со кој биле извршени кривичните дела.

Ohridnews