Полицијата од Токио пронашла повеќе од 4000 парчиња долна облека во куќата на еден јапонски градежен работник кој со години ја користел својата вештина за качување, научена на работно место, за да провалува во куќите и да краде женска долна облека. Полицијата верува дека Шиегео Кодама, 54, украл 3977 гаќички, 355 градници и десет пара чорапи во период од шест години.

Му било влезено во трага во февруари, откако украл гаќи од две куќи во Токио, по што била направена рација во неговиот стан. „Бидејќи работел како градежник, бил многу вешт во качувањето, па крадел и од погорните катови. Не крадел никаква друга облека, но затоа не бил избирлив во поглед на долната облека, земал се` што ќе начекал“ – изјавиле од полицијата.

Живо не` интересира што правел со облеката?!

С.К.