Американецот Вили Паркер, кој пред 43 години избегал од затвор во Марланду, ватен бил во петокот и ќе биде вратен на отслужување на казната.

Паркер бил осуден за вооружен грабеж, и во затворот отслужувал казна од 40 години.


После 10 години поминати во затвор, Паркер во 1965 година успеал да избега од затворот.

Паркер бил случајно ватен за време на акцијата која била наменета за да се влезе во трага на сите избегани затвореници.

Паркер сега има 81 година, и е вратен во затвор каде чека судска одлука за неговиот статус.